Operabase Home
Mostrar todas las fotos de
Music for 18 Musicians, Reich
Compartir
North Macedonia Philharmony Hall (2021)
14 octubre 2021 (1 presentaciones)
Ir a página web
Información de la organización artística (Verificado por Operabase)

Music for 18 Musicians by Reich, jue. 14 oct 2021, De (2021/2021), Director Pascal Gallois, Macedonian Philharmonic (Филхармонија на Македонија), Skopje, Macedonia

Programa

1

Chamber musicConcert
Најпопуларното, ако не и најважното, музичко дело на Рајх е композицијата „Музика за 18 музичари“. Пишувано во духот на музичкиот минимализам, ова дело е создадено во седумдесеттите години на минатиот век и до ден-денес е најизведуваното дело на Стив Рајх. Инструментариумот во „Музика за 18 музичари“ е необичен и, како што кажува и самиот композитор во белешките за ова дело, бил нешто сосема ново во тоа време: „’Музика за 18 музичари‘ е новина во бројот и дистрибуцијата на инструментариумот – виолина, виолончело, два кларинета, четири женски вокали, четири пијана, три маримби, два ксилофони и металофон. Сите инструменти се акустични. Употребата на електроника е лимитирана само на микрофони за гласовите и некои инструменти“. И покрај тоа што делото е насловено како композиција која треба да ја изведуваат 18 музичари, Рајх вели дека на сцена може да има и повеќе музичари, поради потребата музичарите да свират одеднаш на повеќе инструменти. Делото, всушност, е циклус од единаесет различни акорди, кои функционално не се поврзани и не се среќаваат во ниту еден традиционален тонален систем. Во воведниот дел наречен Pulses, Рајх нѐ запознава со сите 11 акорди: „Во првите 5 минути од делото, има повеќе хармонски движења отколку во кое било друго мое дело досега“, вели композиторот. По воведниот дел, следуваат т.н. секции од 1 до 11 и секоја секција е базирана врз еден од тие единаесет акорди. Доколку подетално се навлезе во суштината и слушањето на композицијата, ќе се забележи големото влијание на африканската музика, со која Рајх подлабоко се запознава на едно негово подолго патување на овој континент. „Промените од една во друга секција/дел во композицијата, како и промените во самите секции се направени преку металофонот, чиј звук се јавува само еднаш и само за да се направи движење во следниот такт, исто како што во западноафриканската музика Balinese Gamelan го прави тоа перкусионистот. Ова е спротивно на визуелното климање со главата кое го користев во претходните мои дела за да укаже на промена на секција во делото, но и спротивно на општата западна практика да се има нефункционален диригент за големите ансамбли. На овој начин, звучните решенија стануваат дел од музиката и им овозможуваат на изведувачите да продолжат да слушаат“, објаснува Рајх. Премиерата на „Музика за 18 музичари“ се случила на 24 април 1976 година, пред речиси 50 години. Веднаш по првото слушање на ова дело, музичката критичка јавност била едногласна и му ја дала на делото највисоката оцена. Илјадници познати музичари, композитори и продуценти го вбројуваат Рајх со неговите дела, на чело со „Музика за 18 музичари“, како една од највлијателните личности во нивната кариера. Веднаш по излегувањето на првата снимена верзија, најголемата американска онлајн музичка база на податоци на својата интернет-страница пишува: „Кога оваа снимка беше издадена во 1978 година, влијанието на новата музичка сцена беше моментално и огромно. Секој што во тоа време виде потенцијал во минимализмот и се надеваше на некој голем пресврт на тоа поле, го најде токму во ова дело“. Оваа композиција доживува и студиска снимка во 1978 година, само две години по премиерата, која ја издава познатата издавачка куќа ECM Recordings. Оттогаш излегуваат уште неколку снимки од различни музички издавачки куќи, последната издадена во 2020 година. Во 2003 година, Дејвид Боуви, кој инаку присуствувал и на премиерата на делото, ја вклучува „Музика за 18 музичари“ во листата на неговите 25 омилени албуми.
Acerca de la información está disponible en: македонски
Más información sobre el compositor
Conoce más sobre el trabajo musical