Operabase Home
Sound of Two Meters
Taispeáin gach grianghraf de Sound of Two Meters
Sound of Two Meters
Comhroinn

Sound of Two Meters by Mahler, Déa 03 Meán 2020, Ó (2020/2020), Seoltóir Gabriel Bebeşelea, Macedonian Philharmonic (Филхармонија на Македонија), Skopje, Macedonia

Amharc ar Theilgthe agus ar Chriú le haghaidh 03 Meán 2020

Caitheadh

Ensemble

Clár

1

„Песни за земјата“, Густав Малер (1860-1911) ја напишал во последните години од неговиот живот. Политиката и анти-семитизмот го принудиле да даде оставка како директор и диргент во Виенската Опера, иако важел за еден од најзнајачните композитори и диригенти. Неговата ќерка Марија починала, а потоа и на Малер му било дијагностицирано срцево заболување. Не сакал „Песни за земјата“ да ја означи како деветта симфонија бидеќи и самиот верувал во „проклетството на деветката“ (Бетовен, Шуберт, Дворжак починале откако ги напишале или почнале да ги пишуваат своите 9-ти симфонии). Сепак, Малер починал пред премиерата на своето дело во Минхен во ноември 1911 година. Неговото последно дело всушност е неговата деветта симфонија која претставува своевидна музичка медитација за смртта. „Песни за земјата“ е живописно симфониско дело, кое се базира на шест песни напишани за двајца солисти и оркестар, има комплексни делници во дрвените дувачи, во перкусионистичите делови и кај гудачите. Атмосферата емотивнно се движи од среќа и тага кон музички делириум кој претставува огледало на сите турбуленции и предизвици со кои Малер се соочил во својот живот. Текстот во песните е дериват од кинески поеми кои рефлектираат ставови на вечните теми за животот и смртта. „Се соочувам со толку многу животни предизвици во последнава година и половина“, му напишал Малер на диригентот Бруно Валтер во 1909 година, кој во 1911 година ќе ја води премиерата на „Песни за земјата“, „толку се тешки што едвај можам да зборувам за нив. Како да ја опишам оваа колосална животна криза? Сепак, чувствувам жед да животот како никогаш досега. Овие чувства се рефлектираат и во старите кинески поеми кои претставуваат база на моето музичко дело“, му напишал Малер. Самиот поднаслов на делото „симфонија за тенор, алт(или баритон) и оркестар ја сугерира музичката интенција на Малер да создаде дело кое ќе ротира меѓу два жанра – лидот и неговата проширена форма како вокален циклус и симфонијата. Како и во останатиот дел од неговото творештво, и во ова дело не постои граница меѓу двата жанра, нема поделба на црно и бело во естетскиот и формалниот концепт. „Песна која ја пие тагата на земјата“ музички ја отсликува борбата против темнината, но сепак доминира филозофијата на рефренот „темнината е живот, темнината е смрт. „Осамен во есентта“ е насловот на вториот спор став, кој почнува со уморна резигнација, градирајќи во доминантен музички климакс од очај, кој потоа повторно се претвора во умор, досада – сите пасии, сета надеж се губи, исчезнува.Следните два става „Младост“, „Убавина“ и „Пијаница во пролет“ музички рефлектираат мистично скерцо во три дела, кое претставува реминисценција, иронично потсетување на радоста во минатото. Последниот став симболично насловен „Збогување“ е круна на ова музичко ремек дело на Малер. Овој став претставува хроника на телото и духот, апотеоза на животот и смртта, конечно прифаќање на смртта, преку големата кода во Це-дур која ја отсликува вербата во животот, финиширајќи го ова маестрално дело преку постепено исчезнување… „Секаде, засекогаш, тука и во вечноста…“Зборот „засекогаш“ се повторува девет пати. Засекогаш ќе постојат убавина и тага, солзи и среќа. Тивкиот музички заклучок на крајот од ова генијално дел го одзема здивот на слушателот со својата универзална вистина и мудрост.
Tá eolas ar fáil i: македонски
Tuilleadh eolais faoin gcumadóir